Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ситуацијата во Србија, особено во Белград е критична, а за викендот повторно ќе биде воведен полициски час!

Ситуацијата во Белград е алармантна поради коронавирусот, и сериозна и во четири други градови, рече Вучиќ кога се обрати пред јавноста во Претседателството на Србија.

„Од утре ќе има забрана за секој собир на повеќе од 5 лица на отворено, а полицискиот час ќе следи од петок до понеделник“, рече претседателот на Србија.

Во овој момент имаме 120 луѓе на респиратори. Во Белград, состојбата е алармантна“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека во моментов се хоспитализирани 4.000 пациенти со коронавирус.

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 299 нови случаи, а тестирани се 8.287 лица!

Најчитани вести