Најдолговечниот политичар на власт на Балканот, Мило Ѓукановиќ во деведесеттите години бил во врска со фолк пејачката Јасна Миленковиќ Јами. Според кажувањата Мило бил затрескан во Јами, што и понекогаш помислувал да се разведе од сопругата.

Во едно интервју пејачката раскажуваше дека тој многу ја разгалил, па затоа и ја исполнувал секоја нејзина желба.

Јами вели дека толку не можел без неа што во една прилика пратил хеликоптер по неа да ја донесе во Црна Гора.

- Заслужив. Се сеќавам во една прилика бев на Копаоник и тој сакаше да ме види и прати хеликоптер да дојде да ме земе. Еднаш му реков дека не ми се патува со големи авиони и тоа ми го удоволуваше, се присетува Јами

Најчитани вести