Пластичниот хирург Дејвид ја создаде совршената жена и потоа ја  запросил на првиот состанок. Вероника ја посетила ординацијата на пластичниот хирург Дејвид Матлок за да направи вагинопластика по раѓањето на нејзината ќерка.

Тој посочи дека таа треба да направи повеќе процедури што доаѓаат во пакет наречен „Wonder Woman makeover“, пишува Индекс.

Вероника се согласила и се подложила на операциии за кревање на задникот, лабиопластика, липосукција на брадата, рацете и нозете, па на крај и ботокс.

„Таа се одлучи за сè што предложив… Дури и за брак“, рече Дејвид подоцна.

Вероника се пошегувала дека сега е подвижна реклама за неговиот бизнис.

Вероника тврди дека нејзиниот сопруг ја сакал уште пред операцијата.

„Знам дека ме сака затоа што кога одев во неговата канцеларија, тежев десетина килограми повеќе, и тој рече дека тоа е љубов на прв поглед“, заклучи таа.

Најчитани вести