Северина Којиќ веќе девет дена не го враќа малиот Александар кај нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, кој го доби старателството над детето.

Тој ја обвини Северина дека го киднапирала својот осумгодишен син Александар, пишува Информер.

Според одлуката на судот, пејачката може да го види својот син двапати неделно, секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер, како и за две недели за време на празниците. Сепак, Северина ја прекршила оваа одлука и едноставно исчезнала со момчето!

 На почетокот на летниот годишен одмор, Александар поминал 14 дена со својата мајка, која требала да го врати кај неговиот татко минатиот викенд. Таа не го сторила тоа.

Бидејќи Милан има целосно старателство над момчето, ова може да се смета за киднапирање - вели извор за Информер и додава дека Северина не одговара на пораките и повиците на Милан, па затоа не знае каде е неговиот син:

- Никој не знае каде се Северина и Александар! Тие беа во нејзиниот стан во Сплит извесно време и беа видени на плажа. Тогаш беше известен Поповиќ дека некој ги сретнал во Загреб, но оттогаш се изгуби целата трага од нив! Северина не одговара на повиците на Милан, ниту на повиците на неговите адвокати. Затоа ја пријавил за киднапирање на дете!

Извор: Информер

Најчитани вести