Милиариум ауреум е позлатен мермерен столб висок 3,7 метри и дијаметар од 1,15 метри, кој се наоѓал во близина на Храмот на Сатурн на форумот во Антички Рим, а кој бил подигнат од императорот Октавијан Август 20 п.н.е.

Се сметало дека сите патишта започнувале од тоа место и сите растојанија во империјата биле сметани почнувајќи од него.

Се верува дека е можно да се најде список на сите големи градови на империјата со изразени растојанија, иако денес има спорови меѓу експертите за тоа што точно пишувало, па дури и таму каде се наоѓал воопшто.

Швајцарскиот протестантски теолог и историчар, Филип Шаф, ја поставил тезата на крајот на 19 век дека потеклото на изразот „сите патишта водат кон Рим“ е референцата на столбот од каде сите патишта почнувале односно специфична точка во просторот каде се верува дека водат сите патишта.

Што се однесува до натписот, некои сметаат дека единствениот натпис бил името и титулата на императорот, други велат дека во него имало список на најголемите градови на империјата и оддалеченоста од нив, други дека списокот всушност ги вклучувал имињата на патиштата што водат од Рим на друго место.

Сепак преовладува тезата дека овој столб бил замислената завршна точка на сите патишта во Италија што ги направиле Римјаните. Оттаму доаѓа поговорката „Сите патишта водат во Рим“. Август изложил и мапи на патната мрежа на целото римско царство. Изгледа дека оваа мрежа била во одлична состојба за потребите и стандардите во тоа време.

Најчитани вести