Џејсон Ласка и неговата сопруга Мисти биле непријатно изненадени кога отвориле кутијата од пицата која ја нарачале.

Џејсон ја одбрал пицата од пицеријата на пат кон дома, но не очекувал дека ќе наиде на непријатна глетка кога ќе се врати дома. Наместо вообичаена пица, тие биле затекнати со на која на површината била направена нацистичка свастика, пишува Индекс.

Мисти ја сподели фотографија од пицата на својот профил на Твитер и изрази незадоволство од нејзиниот изглед.

„Разочарана сум. Ова е навистина тажно и вознемирувачко. Воопшто не е смешно и тие не треба да прават вакво нешто“, напиша таа.

Пицеријата ги отпуштила вработените, а се оправда дека станувало збор за шега.

„Двајца вработени се шегуваа, а едниот од нив го убедил другиот да направи невкусна шега на третиот вработен. Не се планираше таа пица да биде на продажба, но се случи“, објаснија од пицеријата, пишува Индекс.

 

Најчитани вести