Доколку е точно дека корона вирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за негово сузбивање. Њујорк тајмс наведува дека новите мерки би подразбирале носење маски во затворен простор, дури и ако се почитуваат мерките за физичка дистанца.

Група од 239 научници од 39 земји оваа недела ќе објават писмо до СЗО за да ги ревидира препораките за тоа како да се избегне инфекцијата со корона вирусот. Научниците тврдат дека тој се пренесува преку воздухот, што значи дека неговите честички можат да лебдат во воздухот во затворени простори и дека луѓето може да се заразат кога ќе ги вдишат. 

Ставот на СЗО е дека вирусот превенствено се шити од личност до личност преку капките од носот или устата кои се исфрлаат кога заразаениот со ковид-19 кива или зборува.

Како што се објаснува новите превентивни мерки би вклучувале носење маски во затворен простор, дури и ако се почитуваат мерките за социјално дистанцирање и обавезни маски Н96 за здравствените работници кои се грижат за заразените „за да се исфилтрираат дури и најмалите респираторни капки“. Освен тоа би требало да се се сменат и системите за вентилација за да се намали циркулацијат ана воздухот. 

Њујорк тајмс наведува дека неодамнешниот пораст во бројот на жртво од корона вирус, по повторното отврање на компаниите и канцелариите „се повеќе го потврдува она што многу научници го велат со месеци: Вирусот се задржува во воздухот и затворениот простор, инфицирајќи ги оние во близина“.

Најчитани вести