Иван Маринковиќ, бившиот маж на пејачката Гоца Тржан, кој со години живее по реални шоуа, е во тешка здравствена состојба затоа што со години има проблем со алкохолот. Иван наместо да води сметка за здравјето и да ги послуша советите на лекарите, не престанал да пие и сега е на пат да му откаже црниот дроб. Тој во минатото веќе имал проблем со алкохолен хепатитис, кој претходи на цироза, но очигледно тоа не му било лекција, па и понатаму кришум пие. 

- Се обиде да го сведе алкохолот на минимум, но кратко му траеше таа фаза. Повторно се опива“, откриле цимерите од шоуто во кое се наоѓа моментално. 

Продукцијата го однела на преглед каде повторно добил сериозно предупредување затоа што црниот дроб му е сериозно загрозен, но очигледно тој многу не се загрижил. Како на ова реагирала Тржан не е познато, затоа што таа со години не сака да изусти ниту збор кога е во прашање нејзиниот поранешен маж со кого ја има ќерката Лена.

Најчитани вести