Skip to main content
x

7 Jul 2020 - 9:55
sportmedia
Статија

Она што СПОРТМЕДИА ексклузивно го најави пред три дена, денеска и се оствари. Пелистер и официјално се засили со уште едно ново име, тоа е Анес Хот, интернационалец од Србија кого битолчани го промовираа утринава.

Последен клуб за кој настапуваше беше Нови Пазар, а има играно уште и за Фап Прибој, Мокра Гора, Тутин.

Со него Пелистер се чини дека и го “затвори“ преодниот рок, досега битолчани ги ангажираа Давор Талески, Ѓорѓи Танушев, Дарко Илиески, Валентин Кочоски, Кристијан Николоски, Иван Пејаковиќ. Се чини Пелистер во Првата лига ќе игра со драстично изменет состав од оној ланскиот, кој настапуваше во Втората лига – запад.

sportmedia.mk

Најчитани вести