Skip to main content
x

7 Jul 2020 - 9:15
sportmedia
Статија

Она што се најавуваше неколку месеци наназад, деновиве се оствари. Имено квотербекот на Канзас сити Патрик Махомс договори продолжување на договорот за наредните десет сезони вреден неверојатни половина милијарда долари. Спортските фанови во САД се на нозе, Махомс иако има само 24 години, тој е најскапиот спортист во историјата на спортот. По сезона треба да зема,тука не се сметаат спонзорските договори, најмалку по 45 милиони долари, но има тука и бонуси и затоа сумата е 53 милиони годишно. Навистина фрапантно. Значи тој во наредните десет години ќе заработи најмалку половина милијарди долари, а ако ги сметаме и сите останати приходи, Махомс секако дека ќе ја надмине и границата од милијарда долари.

И кога сме кај годишната заработка, Махомс и покрај овој договор, сепак не е најплатен во НФЛ. Тоа е Расел Вилсон со 53 милиони по сезона.

sportmedia.mk

Најчитани вести