ВМРО-ДПМНЕ ветува и се обврзува на прочешлување на Сваровски и Луј Витон судството, но и на тоа каде завршиле парите од куферчето. Судството кое со години наназад било корумпирано, редно е да се стави во функција онакво какво што му е потребно на народот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија.

Република Македонија е една од најкорупираните држави во Европа, а тоа е резултат на СДСМ и Зоран Заев кои наместо да донесат право и правдина во државата, донесоа трас трас одлуки во Луј Витон судството. За сите нарачани одлуки, ќе следува одговорност, заврши Мицкоски

Во изминатиов период и Зоран Заев и СДСМ имаа време да го покажат сето ова што го зборуваат за ветинг во редовите на правосудството. Но, начинот на ветинг или самиот ветинг треба да тргне токму од тие кои влијаеле да се дојде во ситуација дел од судиите и обвинителите да се однесуваат така како што се однесуваат. Ние ќе одиме прво со политичарите, да го видиме прво потеклото на имот на политичарите,

-Тука го охрабрувам Заев да ја поддржи иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. А тоа е секој оној кој се занимавал со политика да го покаже и докаже потеклото на имотот и капиталот. Политичарите да го докажат потеклото на својот имот и на своето семејство, рече Мицкоски.

Според него Заев до сега требаше да донесе барем електрично напојување на бројчаникот и тој барем да профункционира.

-Тоа што не го направи Заев ќе го направиме ние. Сите ќе одговараат, кажа Мицкоски.

Мора да го провериме имотот на политичарите, мора да се знае дали тоа што го пријавиле е точно. Токму затоа ќе стартуваме со ветинг од политичарите, тоа е суштинско, бидејќи тој(Заев) го конвертираше обвинителството во Луј Вутон, а судството во трас-трас судство, поточно одлуки трас-трас. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе ги провери сите, рече Мицкоски

- Не може семејствата на политичарите да возат Мајбах и Бентли, а народот да нема ниту за леб, да не може едно семејство да се прехрани. Граѓаните не можат да врзат први со први, а вие сакате да стартувате со ветинг во правосудство. тоа можевте да го направите до сега, имавте три години. Сега мора да се почитува правото и се знае од каде мора да почне процесот на прочистување токму од политичарите, рече Мицкоски.

Најчитани вести