Убедливо државата е рекордер по бројот на загубени животи од корона, споредбено со земјите во регионот, поради калкулантскиот однос на Заев и Филипче

На вечерашната дебата на МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос на ситуацијата со коронавирусот истакна дека Македонија е убедливо рекордер по бројот на загубени животи од коронавирусот споредбено со земјите во регионот, заради калкулантскиот однос на Заев и Филипче

-Рекордери сме по бројот на луѓето коишто го загубиле животот поради Ковид 19 пандемијата, а сето тоа е поради калкулантскиот однос, непримерниот однос, наместо тие во Комисијата за заразни болести да бидат инфектолози, прераснаа во политиколози, рече Мицкоски.

Власта на крајот од месец мај прогласи победа на пандемијата, а сега во месец јули, само вчера имаше повеќе од 100 новозаразени и неколкумина починати, потсети Мицкоски.

Тој вели дека пред само една недела го имавме рекордот на луѓе коишто се починати, а тоа се 15тина починати.

 -Предвидуваа 2.000 заболени, ние имаме повеќе од 7.000 и повеќе од 380 смртни случаи, пред овие бројки и вистината молчи, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски покажа дијаграм за состојбата во Македонија, по бројот на луѓе коишто го загубиле својот живот од коронавирусот на миион жители, во споредба со регионот и истакна дека ние денеска сме рекордери по бројот на лица коишто се инфицирани од Ковид19 пандемијата.

Ниту Заев, ниту Филипче после 15-ти јули ќе имаат можност да одлучуваат повеќе за здравјето на граѓаните, добрата вест е што ќе дојдат луѓе компетентни, луѓе коишто знаат како да се справат, вели Мицкоски.

Најчитани вести