Бидејќи коронавирусот се шири се побрзо и побрзо на планетата, важно е да се знаат вистинските симптоми, односно како да се разликува од обичната настинка или грипот.

Според Светската здравствена организација, најчести симптоми на вирусот „Ковид 19“ се сува кашлица, висока температура и отежнато дишење.

Симптомите кои првично се благи, но прогресивно се влошуваат, се слични на грипот, со една разлика - грипот има пократок период на инкубација, но и пократок интервал помеѓу појавата на последователни случаи.

Грипот е многу поинтензивен, дури изгледа прилично драматичен со болка во мускулите и зглобовите, а овие симптоми се слабеат за неколку дена.

Со коронавирус, почетокот е благ, а симптомите се придружени со сува кашлица и плитко дишење и постепено се влошуваат. Покрај овие симптоми, постои и губење на мирис и вкус.

Најчитани вести