Вкупно 158 непрописно паркирани возила минатата недела го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар. Возачите се санкционирани од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

Во периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 76 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 82 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. 

Најчитани вести