Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека земјата е во вонредна состојба, поради наглото зголемување на заболените од коронавирус.

„Ние сме среде нов напад со корона. Епидемијата е многу силна, во целиот свет и во нашата земја“, рече Нетанјаху на седницата на владата.

Тој предупреди дека ако не бидат преземени итни мерки, многу Израелци ќе умрат.

„Ние сме во вонредна ситуација. Ако не го запреме ширењето на вирусот, нема да имаме ниту здравје, ниту економија, многу израелски граѓани ќе го загубат животот”, рече Нетанјаху.

Во последните 24 часа во Израел биле регистрирани 804 нови случаи, а четири лица починале. Израелската влада утре се очекува да разговара за нови рестриктивни мерки.

извор: Makfax

Најчитани вести