Ете, полека ама сигурно, работите излегуваат на виделина. Сега нема потреба никој да ви раскажува и да ве убедува каква власт, и какви луѓе во таа власт имаме. И зошто треба да се гласа против оваа власт, без оглед дали порано сте гласале за СДСМ или за ВМРО. Дали сте биле Шарени или сте биле патриоти, цената ја плаќаме сите. Како коронава што не убива, а Филипче тера изборна кампања.

Еве, ако порано си гласал за СДСМ, која ти е причината да гласаш пак за нив? Во себе побарај три рационални причини, без да те носи емоција, инает и суета.

Има ли повеќе работа, по безбедна ли е државата, можеш ли да купиш со платата повеќе од порано, легнуваш ли навечер без секирации, те прашал ли некој од СДСМ што мислиш за политиката и државава, ти треба ли нешто... Се чувствуваш ли повеќе среќно затоа што Заев ја спроведе Тиранската платформа. Се гордееш ли што гледаш дека ја употребувал Катица Јанева и СЈО за лична корупција и прогон на луѓе, те радува ли кога од негова уста ќе чуеш дека ти ја ебал мајката.

Ако си бил за СДСМ, или си била, па уште те гледале и меѓу Шарените да шпарташ по улици, се осеќаш ли глупо и заебано кога слушаш дека Заев те нарекува толпа на шути и рогати под негова команда. Аргати на Заеви ли бевте на протестите, а не луѓе со своја воља? Заев ви рече: ќе им ја ебам мајката кога ќе дојдам на власт.

И дојде со вас Зоран Заев на власт. Па, ја усреќи ли барем мајкати, ако не тебе.

Се вади Заев, за едно серија ебења на Шарените, и на сите Македонци, рече пијан бил. Па, ако бил пијан што не ги ебел по фамилија еден по еден низ Струмица и Муртино, него баш тебе најде да те ебе у мозок, плус мајкати.

Пијан ли беше Заев кога ветуваше 500 евра плата и се колнеше во деца дека нема да има уставна промена на името. Пијан ли беше кога се сликаше со лажниот принц на Црна Гора и Македонија, или со нарко дилерот за марихуана Биг Мајк. Пијан ли бил кога барал од Катица да запре обвиненија затоа што некои му требале да стокми мнозинство во собранието. Пијан ли беше кога мизерно, бездушно најавуваше дека ги знае убијците на децата од Смилковско езеро, на Никола Младенов...

Дали беше пијан кога го пушти на слобода убиецот на Мартин Нешковски чија ожалостена фамилија ја злоупотреби да му одработи за избори. Пијан ли беше кога договарал криминали со Беќир Асани, со дилерите од Грчец и Арачиново, кога договарал со Боки 13 рекети и финансирање на партиска телевизија. Пијан ли се јавувал по обвинители и судии да нарачува пресуди и лично, и преку извесен Оливер, и преку негов адвокат.

Пијан ли направи дупка во буџетот од две милијарди евра па ја поминуваме кризава препуштени на Господ, и со 20.000 откази за пет месеци. Имаме 350% повеќе умрени во епидемијава отколку во војната од 2001 година.

Можеби бил пијан и кога договарал над дваесет плантажи на марихуана за Фамилијата. На пијано го фатиле па средил со судот да се пуштат убијците од Диво Насеље, и да се амнестираат 800 затвореници уште во првите месеци на неговата власт кои низ Чаир, Кондово, Арчиново и Грчец станаа негови партиски активисти.

Па има ли ден кога Зоран Заев воопшто бил трезен?

Ако си гласал за СДСМ како ќе проголташ кога Зоран Заев зборува за Бранко Црвенковски како за пачавра, излитен политичар без употребна вредност. Бранко жив се јаде што го извади од Шутка за Глобал. Вакво ругање не доживеал од никој политичар од ВМРО како од неговиот Зоки. Али, јеби га, ќе преживее некако.

Ако си за СДСМ, те боли ли некаде во градите што Зоран Заев им се помоча на партизаните по сите нивни гробови и спомен плочи, го исфрли АСНОМ од Уставот и Македонија стана копиле, држава без основачки акт. Народ без потекло и тапија.

Ај да баталиме политика. Да ги разгледаме работите домаќински. Дома да ти дојде надобар пријател, брат, трезен или пијан сеедно, и пред фамилија да ти се мајке изнаебе, да ти ги влече како пачаври во мубает блиските и роднините, да те украде, да дознаеш дека со години те лажел како молоумен да си, да ти тврди дека си копиле и таткоти не ти е родител... дали би му ќутел. Не. Сигурно не. А зошто тогаш дозволуваш Зоран Заев да ти го прави сето ова и ти да му дадеш глас на избори?

Погледни кој е околу Зоран Заев, дали е тоа твојот СДСМ?!

Коалиционен партнер му е БЕСА со Биљал Касами. Ако си заборавил, да ти кажам овој Касами е од ДУИ, потрчкото во власта на ВМРО кој водеше работи во царина па го сменија и избркаа. Секако, не затоа што каснел на работа. Се налутил па направил партија со турски пари и еве го сега со Заев, поштениот цариник од ДУИ.

И не е само тој отпад од ВМРО кој денес е фактор во СДСМ. Венко Филипче, Љубе Бошкоски, Никола Димитров, Стојанче Цреп, Ден Дончев, Кочо Анѓушев, Крсто Мукоски, некојси Рамчиловиќ... Филипче на телевизија го потпишуваат како министер за земјоделие, а Рада ја потпишаа како носител на изборна листа на ВМРО. Толку им личела на СДСМ, не ја препознале.

Тоа се политичките фактори на  СДСМ, тие се твојот избор. Имаш ли ти нешто заедничко со било кој од набројаниве? Со Катица Јанева и Боки 13, со Зоран Кичеец? Тоа ли е СДСМ за кој трпиш срам со години за на крај да гласаш за Зоран Заев и отпадот на ВМРО. Е па, тоа е екипата на Зоран Заев. Тоа е твојот тим.

Вришти Шекеринска по улици, а Заев ја надополнува: ние сме Европјани, а тие се националисти. Ако гласате за нив ќе се врати Груевски. За Груевски, да разјасниме, имавте вие шанса да се покажете, и се покажавте.

СДСМ биле против национализмот. Се изјаснија дека не се македонска партија, а ти Макеоднец си? Нивен коалиционен партнер, и тоа сојуз пред избори, што значи дека утврдиле заедничка политика, е Биљал Касами. Касами и Зоран Заев се две страни на истата пара која ја нарекоа - Можеме.

Еве за кого ќе гласаш гласајќи за СДСМ, еве го Биљал Касами:

- „Не можеме повеќе да толерираме на најважните државни функции да бидат поставувани исклучиво Македонците. Сѐ додека на високите политички функции, како што се функциите претседател, премиер, претседател на собранието, министер за внатрешни работи, за финансии и за надворешни работи, не биде поставен Албанец, Македонија секои 10 или 15 години ќе се соочува со длабока политичка криза“ (11.10.2016)

- “Ако не се исполнат барањата на Беса, тогаш нашите двајца пратеници нема да гласаат за уставните измени“. Ова го изјави лидерот на Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 пред насилната промена на Уставот. 

- “Апсењето на Катица Јанева е само врвот на сантата мраз од еден огромен скандал кој и се случи на оваа Влада. Влада која се очекуваш да биде надеж, излезе дека е најголемиот неуспех и разочарување на македонските граѓани“, кажа во Биљал Касами во септеври 2019.

- Во емисијата Клик плус на ТВ21 Касами изјави: “По изборите ќе коалицираме само со победникот, Зоран Заев е измамник кој не си стои на зборот“ (11.12.2019)

Толку за ултранационализмот во дворот на СДСМ. Касами кој, патем, тврди дека Зоран Заев е преварант. Овој, ваков Касами, твој избор ли е?  Треба да му дадеш глас. На него и партијата СДСМ за која Зоран Заев вели дека ја плаќа од свој џеб, а џебот го наполнил како градоначалник.

Па, кога ќе гласаш за СДСМ, имај го ова на ум, ти гласаш и за отпадот на ВМРО и за Биљал Касами. И за приватна партија СДСМ. И не важи трикот на Зоран Заев дека те фатиле на пијано. Од току пијани цела нација има вртоглавица.

(Д.П. Латас, 06.07.2020)

Најчитани вести