Мафија владее со Република Македонија, а вера објавените аудио материјали тоа најдобро го потврдуваат, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Бевме сведоци и ние и целата јавност како член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот, човек најверојатно со сомнително минато, а не академско, кажува јасно и гласно дека добил зелено светло директно од Вице Заев, брат на Зоран Заев, да запали автомобил на некој кој не е член на СДСМ, само и само да го потисне и да му упати порака со закана и не само него, ами ќе ги потиснел и сите други кои што не биле за СДСМ“, објасни партискиот портпарол.

Арсовски додаде и дека доколку се преслуша целиот објавен материјал се доаѓа до заклучок дека кланот Заеви освен што давал зелено светло за палење автомобили, давал и црвен картон, односно блокирал други бизниси кои им биле конкуренција на нивните.

„Овој материјал е големо сведоштво за начинот на мафијашко владеење на Зоран Заев, Вице Заев и целата фамилија Заеви“, кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, според кого во изминативе три години биле запалени над 50 автомобили во државава.

„Да потсетиме дека беше запалена семејната куќа на потпретседателот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во моментот во ИЕ 2 Мисајловски, беше фрлена бомба во семејниот дуќан исто така на Мисајловски, беа демолирани автомобили на видни членови на партијата, што веќе е очигледно и јасно кој ги издал сите овие наредби“, кажа Арсовски и нагласи дека тоа што се слуша на материјалите го нема ниту во мафијашките филмови, па затоа повика граѓаните ќе го дадат финалниот одговор на 15 јули.

извор: Makfax

Најчитани вести