Игор Џамбазов- актер, писател и шоумен пред триесет и повеќе години ја сретна девојката која беше неговата најголема љубов во животот. Тој веднаш се вљубил во неа, на прв поглед, а по цели триесет години, во емисијата „Еден на еден“, за прв пат зборуваше за неа и нивниот однос.

Во прашање е Тања Кочишки, која живела на 200 метри од Драмскиот театар, и која за жал, пред три години го напуштила овој свет. Џамбазов нејзе и ја има посветено и една од неговите најубави љубовни песни, Шал, а како што вели самиот, песната настанала на нивната прва средба, во една студена зимска ноќ, „додека бевме стистани пред нејзиниот влез“.

„Во знак на наша иднина си ги разменивме шаловите, јас и дадов жолто шалче што го носев околу вратот, а таа ми даде еден шарен шал, женски. Иако беше женски, јас го носев најмашки на свет!“, изјави Џамбазов кога беше гостин кај Жаре во неговата емисија „Еден на еден“.

Жената која никогаш не го изневерила?

Инаку, во интервјуто за Гламур магазин, Џамбазов откри и која е жената која никогаш не го изневерила.

„Еве и сега, додека во полулежечка положба одговарам на прашања, палецот од десната нога ми ја допира гитарата која лежи во креветот заедно со мене. Мојата гитара е жена која никогаш не ме изневерила…“ изјави во шега Џамбазов.

Тој деновиве се најде во центарот на вниманието поради неговата нова љубов.

Имено, додека ги минуваше деновите во карантин во Дојран, тој преку социјалните мрежи откри дека друштво му прави убавата планинарка Илина Арсова (37) со која во последно време се неразделни.

Најчитани вести