Потресна сторија ни доаѓа од Врање во соседна Србија. Три деца останаа без татко, а сега може да останат и без мајка поради коронавирусот. Дечињата се постојано во страв дека и нивната мајка нема да се врати дома.  

Мештаните на Суви Дол кај Врање каде живее ова семејство се загрижени за децата затоа што се сами дома. Нивниот татко починал од коронавирусот, а мајката е хоспитализирана во Ниш.

„Децата се добри, но сепак го загубија својот татко, сега мајка им е во болница. Роднините им даваат храна, но прашањето е како се чувствуваат“ вели една од сосетките на ова семејство

Членот на градскиот совет задолжен за социјални работи Даниела Милосављевиќ вели дека од првиот ден градот е упатен зацелата ситуација и дека децата не биле оставени сами, како што се шпекулира.

„Веднаш знаевме дека постои можност децата да останат сами. Беше контактиран Центарот за социјална работа и децата беа ставени под грижа на центарот кој директно се грижи за нив. Раководителот на службата замина и во непосреден разговор оцени дека е најдобро децата да останат во куќата“ - вели Милосављевиќ.

Најстарото дете има 16 години, другите две се 14 и 9. Најстарото момче се проценува дека е способно да се грижи за другите две деца, но тие се уште се подложени на целосен надзор.

Првиот тест покажа дека мајката на децата е негативна, но друг чии резултати беа испратени во Врање во петокот вечерта покажаа дека и таа е заразена со коронавирусот, поради што децата и биле тестирани.

Починатиот Н.А. (45) од Врање имал контакт со нултиот пациент, односно судијата од овој град каде за прв пат бил потврден вирусот. За жал, тој ја изгуби битката со вирусот проади дијабетесот со кој се бореше.

Најчитани вести