Милош Биковиќ мајката на неговата бившата девојка Аглаја Терасова, Ксенија Рапопорт, ја запознал – во кревет! Имено, тие во тек на снимање на еден филм имале заедничка жешка сцена, а убавата Русинка тој ден поминала гледајќи во една точка и мислејќи се – што е животот.

Инаку, Милош и Аглаја се забавувале од 2016 до 2018 година, а во тој период снимал го “Митови“, во кој му “паднала“ сцена со се*с со нејзината мајка.

“Милош и јас долго се забавувавме и во еден момент беше логично да и го претставам на мајками дечкото. Тој и јас размислувавме како е најдобро тоа да го изведеме. Но никако не ни успеаваме да најдеме добра прилика за тоа нивно запознавање. Игра на случај, баш во тој период Милош доби улога во филм, а во него играше и мојата мајка Ксенија Рапопорт“, раскажала руската глумица за руски медиуми, и продолжила:

“Се шокирав кога Милош ми кажа дека баш од сите глумици во филмот мојата мајка игра негова љубовница, каде што ќе има и една жешка сцена! Редовно одев на снимање на “Митови“, но тој ден кога се снимаше сцената со жежок се*с помеѓу мојот дечко и мојата мајка не смеев да се појавам. Останв дома, седев и гледав во една точка и размислував – “Боже што ти е живот...“

Ксенија и Милош љубовната сцена ја одиграле во театар и тоа во сред претстава. Во момент додека јунакот на Биковиќ седи во ложа, мајката на Аглаја пристигнува до него, почнува да се соблекува и тие двајца водат љубов.

Биковиќ не сака многу да зборува на таа тема, но потврдил дека мајката на неговата бивша девојка ја запознал во крајно несекојдневен начин. “Точно е дека бевме љубовници во филмот “Митови“, тоа било се што тогаш рекол тој.

Најчитани вести