Поранешниот амбасадор на Македонија во Лондон Јован Донев, кој синоќа гостуваше во ТВ Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“, праша дали БЕСА која што е коалиција со СДСМ го прифаќа државното уредување на Македонија или дали со гласање за оваа коалиција на чело со СДСМ се гласа за кантонизација на Македонија како јасно наведен дел од политичката платформа на партијата БЕСА.

-Дали во таа граѓанска коалиција БЕСА го прифаќа државното уредување на Македонија или не ? Зошто јас колку што знам може грешам и ќе се извинам ако грешам меѓутоа во политичката платформа при формирањето на БЕСА беше наведена јасно кантонизацијата на Македонија. Ако е така за што гласаме ние сега ? Дали тие што го поддржуваат СДСМ гласајќи за заедничката коалиција фактички ја поддржуваат и БЕСА и кантонизацијата на Македонија, вели Донев.

Дополнително Донев праша дали исто така дали СДСМ прифатила промена на химната како прашање поставено од ДУИ кои според него во некој момент ќе се испорача во собранието или на политики преговори односно го дали БЕСА ја подржува акуелната химна на Македонија или СДСМ прифаќа и таква промена .

– Второ прашање ДУИ го отвори прашањето со химната. Мене ме интересира меѓутоа е сериозно прашање бидејќи тоа ќе го постаи ДУИ во еден момент и ќе го испорача во собрание или на политички преговори и т.н. Што оваа коалиција мисли по тоа прашање. Што мисли СДСМ и што мисли БЕСА дали БЕСА ја поддржува актуелната химна на Македонија. однсно дали СДСМ прифаќа промена на химната, потенцираше Донев

Најчитани вести