Кандидатот за пратеник и носител на изборната единица 1 од владеачката СДСМ Никола Димитров денес на својот фејсбук профил објави дека во рамки на кампањата остварил дружба со весели рибари и притоа и тој самиот успеал да улови една попадика.

- Дружба со весели рибари во преубавата природа на Поречието, местото каде исконски бистрата и кочан ладна Беличка Река се слива во Треска. Си фатив и една сребрена попадика. Ја пуштив назад, со молба да ми исполни една желба 😉, напиша Димитров.

Сепак, како што може да се забележи Министерот Димитров, лови риба во кошула и фармерки што е далеку од вистински и нормален риболовен стајлинг а на социјалните мрежи доби и критики бидејќи во неговиот фејсбук статус одбегнува да спомене дека тоа го прави во близина на Македонски Брод и затоа го користи терминот поречие.

Најчитани вести