Мелани Тарчуловска го покажа својот талент и гласовни способности на онлајн натпреварот „Глоден војс Малта 2020“.

15-годишната Мелани ја испеа песната „When I was your man“ од Бруно Марс и звучеше извноредно.

Жирито од 39 земји одлучи таа да го освои второто место!

- Мене прв пат ми се случува и јас незнам како да се обратам, ама ќе бидам исрена навистина сум пресреќна.Мојот животен сон е музиката, таа е мојот воздух.
Пријатели ви благодарам што ме поддржавте на YouTube каналот.
Македонијо моја ви благодарам на сите,, без вашата поддршка и наградата е ништо''.
Почитувано жири од 39те држави ви благодарам за втората освоена награда и што верувавте во мене. Почитувани медиуми од Македонија ви благодарам и вам што застанавте позади мене, што ме поддржавте и што ми дадовте поттик да бидам уште подобра.
Пред се сум горда што ја претставував нашата држава Република Македонија и јас со мојата возраст го доживеав првиот успех за кој што сум сигурна нема да биде последен.
ВЕ САКАМ СИТЕ И ВИ БЛАГОДАРАМ❤️
Мелани

Фестивалот „Golden Voice“ има свој канал на Јутјуб на кој е поставено видеото со Мелани. 

Вреди да се слушне овој ангелски глас.

Најчитани вести