Skip to main content
x

4 Jul 2020 - 20:05
sportmedia
Статија

Фото: panorama.com.al
Првиот полуфинален натпревар од купот на Албанија помеѓу Билис Балш и Тирана одигран пред два дена е посочен како сомнителен, соопштија од Фудбалската федерација на Албанија. Во Федерацијата примиле сигнал од компанијата „Спорт радар“ откако по завршувањето на првото полувреме откако се извршиле голем број на уплати во обложувалниците.

Фудбалската федерација покренала истрага за мечот и истовремено ја известила и УЕФА која со својот оддел за фудбалски криминал ќе оценат дали имало сомнителни моменти на средбата.

Билис го добил мечот со 2:1. Доколку бидат откриени нерегуларности ќе има строги казни за учесниците.

sportmedia.mk

Најчитани вести