Skip to main content
x

4 Jul 2020 - 19:55
sportmedia
Статија

Екипата на Јувентус цврсто гази кон новата шампионска титула. Ниту градскиот соперник Торино не беше способен да ја запре „Старата дама“ во походот по престолот во Италија. Момците на Маурицио Сари лесно и по кој знае кој пат го совладаа Торино на свој терен („биковите“ немаат победа од 1995 година). Овојпат резултатот беше 4:1.

Пауло Дибала уште во 3. минута го отвори резултатот, зголеми Квадрадо во 30. минута, а Белоти намали од пенал пред крајот на првото полувреме.

Во второто Кристијано Роналдо постигна прекрасен погодок од слободен удар. Чудно, но тоа беше негов прв гол директно од слободен удар во италијанскиот шампионат но и воопшто во дресот на Јувентус во 43. меч.

Конечниот резултат го постави Џиџи со автогол во последните минути.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

Најчитани вести