Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител за изборната единица три, Игор Јанушев заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посетија општина Петровец.

Јанушев на собирот порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е реална и вистинита.

„Во овие три ипол години поминавме еден период кој што е буквално најтежок, најдемотивирачки, период каде што буквално доминираше апатијата, наведнатата глава, свитканата кичма. Но сега следува период во кој што главата се исправа, кичмата се подигнува, каде што ќе живее еден нормален и достоинствен живот, онаков каков што заслужуваме. Програмата се работеше долго време бидејќи бевме сигурни во она што го правиме, целиот период од кога се одложија изборите го посветивме на тоа, значи буквално се што ќе ставиме во програмата да е реално, да е вистинито, да е остварливо“, истакна Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порача дека партијата нуди чест, достоинство, но пред се, како што кажа, нуди работа и труд.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на секое поле. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе ги зголеми платите за 25%, пензиите за 20%, намалување на невработеноста под 10% во четиригодишниот мандат, но и 4 милијарди домашни и странски инвестиции за истиот период“, порача тој и додаде дека еден од приоритетите ќе биде и земјоделието.

извор: Makfax

Најчитани вести