Skip to main content
x

4 Jul 2020 - 18:55
sportmedia
Статија

Помината е уште една препрека. Лидс Јунајтед денеска со 3:1 го совлада Блекбурн на гостински терен во рамките на 41 коло на Чемпионшип и се зацврсти на првото место на табелата. На пет кола до крајот Лидс има четири поени повеќе од вториот ВБА (својот меч ќе го игра утре) и шест поени повеќе од третиот Брентфорд. Всушност со оваа победа Лидс обезбеди место во Топ 5, односно во најлош случај ќе игра бараж за место во Премиер лигата. Но се надеваме дека Алиоски и другарите нема да имаат потреба од тоа (како минатата сезона) и дека сега директно ќе изборат пласман во англиската елита и ќе го прекинат долгогодишното чекање за кам-бек меѓу великаните. За сигурен пласман во Премиер лигата Лидс ќе треба да добие уште три натпревари (можеби и помалку ако кикснат конкурентите).

Денеска на „Ивуд парк“ Лидс со головите на Патрик Бамфорд и Калвин Филипс поведе со 2:0 уште во првото полувреме. На почетокот на второто Армстронг намали, но Клих повторно ја врати разликата од два гола и тој резултат остана до крајот.

Езџан Алиоски ги одигра сите 90 минути за составот од Јоркшир.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

Најчитани вести