Две жени се сериозно повредени утрово во Сиетл кога автомобил удрил во мала група демонстранти на затворен автопат, соопштија властите.

„Автомобилот помина низ рампите и удри неколку пешаци“, соопшти полицијата во Сиетл на својот профил на „Твитер“.

Би-би-си известува дека една од жените, наводно е во состојба опасна по живот, а возачот е уапсен.

Осомничениот е идентификуван само како 27-годишен маж од Сиетл, а засега не се знае дали станува збор за насочен напад.

Немирите во Сиетл траат уште од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина за време на полициско апсење во Минеаполис во мај.

Протести на движењето „Црните животи вредат“ и натаму се одвиваат ширум САД.

извор: Makfax

Најчитани вести