Зорн Заев во интревју за МИА, изборната парола на ДУИ за прв премиер Алабанец ја оценува како комплетно популистичка политичка стратегија и националистичка порака, која била присутна во времето на Груевски и Ахмети, но сепак не исклучува можност за постизборна коалиција со ДУИ, доколку партијата се откаже од ова условување.

Прв услов за предизборното коалицирање со БЕСА бил заборавање на национализмот.

- Со БЕСА имавме три недели речиси секој ден по неколку часа разговори додека ги усогласиме сите ставови, политички и програмски определби. Денеска имаме заедничка програма, која што се вика „Можеме“ и таму зборуваме за сите вредности. Прв услов беше да го заборавиме национализмот, да ја промовитраме еднаквоста во општеството, борбата за секој и неговите права, комплетно се работи за млади луѓе, кои се комплетно растеретени, нормално најголем дел се од албанската етничка заедница или речиси се целосно од албанската етничка заедница и сакаат за својата заедница еднаквост и рамноправност и во правата и во обврските, вели Заев во интерјуто за МИА.

Очекува победа на изборите, па дури и поддршка за формирање на една стабилна коалиција, но не исклучува можност и за коалицирање со други партии, а во постојана комуникација за можна постизборна коалиција се со Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Лидерот на СДСМ, говори и за „бомбите“ кои се карактеристични за оваа кампања, а за кои вели дека веќе поднеле кривични пријави, а на забелешката дека има бомби и за опозицијата истакнува дека пријавени се сите досега.

Најчитани вести