Кинеското министерство истакнало дека студијата во медиумите е интерпретира  “претерано и неаргументирано“.

Кинеското министерство за земјоделие соопштило денес дека оваа врста на свински грип познат како “G4", не е нова и не доведува до лесно заразување и заболувања на луѓе или животни со што ги негира наодите во една од неодамна објавени студии.

Студија на група кинески научници објавена е оваа недела во САД, во неа се предупредува на тоа дека наводно новиот вид вирус на свински груп станал заразен по луѓето со што има потенцијал да предизвика пандемија.

Меѓутоа, кинеското министерство истакнало дека студијата во медиумите е интерпретирана “претерано и без аргументи“, наведува Ројтерс.

Спрема заклучоци на министерството, донесени после еден стручен семинар за влијание на врстата “G4", на свињогојство и јавно здравје, примерот на кој студијата се заснова е премал за да биде репрезентативен, а во неа не се дадени ни адекватни докази дека таа врста на вирус станала доминантна кај свињите

Најчитани вести