Од понеделник спортската „Арена“ ќе се користи како ковид-болница во која ќе има 500 болнички кревети и сите услови за прием на заразените. Ортопедската клиника на Бањица ќе биде вратена во Ковид системот и ќе биде пак Ковид болница, најави министерот за здравство Златибор Лончар.

Следна болница која ќе стане ковид болница е онаа во Пожаревац. Тој апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките.

Во последните 48 часа во Србија починаа уште 11 лица како резултат на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Официјалниот број на починатите е 298.

извор: Makfax

Најчитани вести