Од понеделник во спортска сала „Арена“ во Белград ќе биде отворена привремена ковид-болница во која ќе има 500 кревети. Од вторник Ортопедската клиника на Бањица повторно ќе биде ковид-болница, најави српскиот министер за здравство Златибор Лончар, а пренесе „РТС“.

Лончар соопшти дека во изминатата ноќ повеќе од 130 пациенти се задржани на болничко лекување.

Тоа значи дека се работи за сериозна клиничка слика и дека морале да останат на болничко лекување. Секој ден повеќе од 100 пациенти се примаат во болница и затоа мора да се обезбедат капацитети, додаде Лончар.

- Точно е дека Владата на Република Србија побара од Градот Белград да ја подготви „Штарк арената“ за прием на пациенти со поблага клиничка слика. Градот Белград секогаш ќе ги исполнува барањата поставени пред него во борбата против епидемијата, а „Арената“ ќе биде подготвена како што беше во март. Ги започнавме подготовките денес - рече заменик градоначалникот Горан Весиќ.

Најчитани вести