Пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ изјави дека лекот Редесивир не е ефикасен во лекувањето на корона вирусот и дека е изненаден што ЕУ го одобрила, проценувајќи дека не станува збор за медицина, туку за профитни влијанија и дека „Бил Гејтс секогаш доаѓа до крајот на приказната“. Тој исто така истакна дека младите сега се разболуваат повеќе, што го поставува прашањето дали станува збор за нов вирус.

Тој верува дека треба да се направи нова проширена дијагноза за некои нови причини, еве зошто:

- Постои бактеријата Легионела, бактерија која сака влага и затвореност, која живее во централните климатизери. Еден куп клубови се затворени со месеци, а токму оваа бактерија предизвикува пневмонија кај младите! Ова е карактеристично за спортистите кои остануваат во кампови. Според мене, тоа треба да се провери, бидејќи не е корона вирус, рече Несторовиќ.

- Според една голема студија се појави нова верзија на вирусот што може да зарази повеќе луѓе, но во однос на последиците е послаба од претходната верзија. Пред еден месец се појави вирусот Д, кој го зголеми преносот и дали е посериозен од претходниот, има дискусија. Епидемијата почна да опаѓа уште во мај, а практично ништо не се случи до 1 јуни. Потоа, во јуни започна нов бран, кој не личи на првиот. Старите луѓе не се толку загрозени. Мене не ми личи на истиот вирус - изјави д-р Несторовиќ, истакнувајќи дека, сепак, оваа теза сè уште не е потврдена.

Според него, појавата на нови симптоми се совпаднала со пристигнувањето на луѓе од Швајцарија и Италија кои веројатно тоа и го донеле.

Говорејќи за антитела, тој го смета следново:

- Не грижи се ако ги немаш. Контактот со децата се чини дека доведува до имунитет. Само еден педијатар почина во Италија во претходниот период, но затоа што тој беше стар, имаше повеќе од 70 години - изјави д-р Несторовиќ.

Најчитани вести