Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што растат надежите дека ќе биде можна масовна имунизација.

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за ковид-19, а водечкиот руски научник се надева дека со тоа ќе се обезбеди имунитет за повеќе од две години.

– Волонтерите од првата група се чувствуваат добро и немаат поплаки за нивното здравје. Во текот на изминатите две недели, немаше сериозни несакани ефекти – се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Волонтерите од втората група за тестирање, кои ја примиле инјекцијата пет дена подоцна, исто така известуваат дека немаат несакани реакции.

Тестирањето на вакцината за коорнавирус во Русија се спроведува заедно од Министерството за одбрана на земјата и Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеи во Москва. На почетокот на јуни, волонтерите беа избрани меѓу воени лица и цивили.

На 30 јуни рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести претседателот Владимир Путин дека тестирањата треба да завршат до крајот на јули. Се очекува вакцината да биде регистрирана во август и да биде ставена во масовно производство што е можно порано.

Александар Гинзбург, директор на Институтот, се надева дека, по инекцијата имунитетот ќе трае две години. Земјата планира да произведе до 70 милиони дози, а здравствените организации веќе се подготвуваат за поголемо производство.

Најчитани вести