Откриено е како мутација на D614G ќе влијае на тежина на болеста на луѓето ширум светот.

Новиот корона вирус мутирал и во светот доминира неговата варијација, спрема заклучок на истражувачките тимови од Америка и Велика Британија, и од три до шест пати позаразен е од оригиналналната врста на овој вирус. Варијација која денес предизвикува пандемија на корона наречена D614G покажала поголема заразност, поголемо вирусно оптеретување во горниот дишен систем на заболени, но за среќа не и потешки симптоми од ковид-19.

Овие заклучоци произлегуваат од истражувачката работа објавена во магазинот "Cell", а го спровеле стручњаци од Los Alamos Национална лабораторија, Универзитетот Дјук, Универзитет во Шефилд и Геномикс ОК истражувачка екипа.

Ваквите тврдења предизвикала полемика уште во мај, а со неодамнешниот пораст на заболени во многу земји па и на Балкан се разгорува расправата – дали короната се вратила поразлична и поопасна или вирусот ослабел.

После критиките, науката продолжила да ја истражува оваа врста на нов корона вирус и ги анализирале податоците од 999 пациенти хоспитализирани во В. Биританија поради ковид-19. Научниците потврдиле дека пациентитте со споменатата варијанта на вирусот во себе содржеле повеќе честички на вирусот, но не и сериозна клиничка слика односно потешки симптоми на болеста.

- Мутација на вирус е нешто што се случува често. Додека таа варијанта во почетокот на епидемијата била доста ретка, сега на некои но не на сите места во свет станала доминантна. Она што покажуваат првите објавени анализи е дека оваа нова варијанта произведува поголема количина вирусни честички и дека поради тоа брзо и успешно се шири, но дека не предизвикува тешко заболување. Дали е причина зголемување на зачестеност во поблаг облик на болест на зараза и нова варијанта на вирусот или станува збор сезоналност на вирусво овој момент е тешко да да се знае – рекол др. Гордан Лауч напоменувајќи дека оваа врста на D614G се појавил во Европа.

Исто така се подвлекува дека вирусот генерално мутира и дека секоја мутација не значи дека болеста поразлично ќе изгледа кај заболениот. Заклучок е дека моментално доминантната врста во пандемија не предизвикува тешка болест и се уште се “држи на лед“.  

Светските медиуми ја пренесуваат изјавата на др. Антони Фаучи кој рекол дека не е докажана поврзаност со тежина на клиничка слика на заболени. Потврдил дека податоците покажуваат дека овој мутиран вирус повеќе се реплицира. Се разгледува дали е тоа поради отварање и попуштање на мерките во светот или доминира токму неговата заразна изменета форма која прави болеста брзо и лесно да шири.

Најчитани вести