Од снимките на објавени разговори последниве недели во кои зборува претседателот на СДСМ Зоран Заев може да се види еден, досега за јавноста непознат, карактер однос на шефот на партијата кон своите соработници и кон самата партија која ја предводи и раководи.

Познато е дека Зоран Заев на власт не дојде со програма на својата партија ниту со победа на избори, туку со активности на протести на таканаречената Шарена револуција финансирани од Сорос и организирани од Канвас од Белград кои навлекоа десетици иљади луѓе кои не се дел од СДСМ, особено во Скопје, и со тоа поразот на СДСМ го направија поднослив.

Власта на СДСМ му ја даде ДУИ која се откажа од своите принципи и направија колација со СДСМ за мнозинство во собранието, а потоа Заев помогнат од СЈО со уцена и купување на пратеници од другите, опозициски партии, направи мнозинство потребно за уставните промени на името, двојазичноста и се што следеше.

Разговорите открија која е политичката логика и етика на Зоран Заев и неговиот политички модел кој Заев го има досега скриен од јавноста.

Сите ветувања, понуда за избори, кои Заев ги даде - не се остварија. Се оствари само Тиранската платформа бидејќи Заев отворено зема обврска кон албанската емиграција и македонските Албанци да ја спроведе. На изборите беше против промена на уставното име на државата, а најмногу напор вложи токму за државата да го загуби идентитетот. Корупцијта од енормни размери си ја разбра како наплата за Тиранската платформа и продажбата на националниот идентитет.

Притоа, Зоран Заев, како што се гледа од објавените разговори, покажува омраза и презир кон сите свои соработници, ги смета за малоумни и подводливи, а партијата ја гледа како своја, сопствена фирма.

За Бранко Црвенковски, кој лично го донесе Зоран Заев на чело на партијата, смета дека е пензионер без никакво влијание во СДСМ, бивш политичар кој треба да биде заборавен. А оние кои се во СДСМ знаат дека Заев беше најголемиот полтрон на Црвенковски во СДСМ на сите времиња. Патем, дека од партијата ги избркал сите луѓе на Црвенковски, што е точно. Овој страв од него и презир на Заев кон Црвенковски е видлив и пред објавените разговори, тој сака да се дистанцира од него и да го отфрли бидејќи луѓето на Црвенковски покажаа отпор за корупцијата, агресивноста, деспотизмот и продажбата на националиот идентитет кои се главен дел од политиката на Зоран Заев.

Активистите од Шарената револуција поминаа уште полошо. Според Заев тој ги основал, “ги регистрирал“ како што вели, собрал шуто и рогато на улица за свои потреби, и ги плаќал бидејќи партијата ја издржувал од свои лични пари. Шарените биле негова сопственост за еднокартна употреба а потоа “мамето ќе им го ебел“ кога ќе дошол на власт.

За разлика од Црвенковски и “неговите луѓе“ кои Заев ги избркал од партијата и кои не одговорија на навредите и понижувањата од Зоран Заев, барем по некој од акривистите од Шарената реолуција му вратија на “сопственикот на СДСМ“ дека тие никогаш не биле негова сопственост, ниту тој ги основал и владеел... но,  Заев не го смени мислењето и не покажа дека денес е поинаку. Накусо, рече дека бил пијан кога тоа го зборувал. А не се работи за еден разговор туку за неколку во различни периоди и на различни места, еднаш и во владата каде, веројатно, е трезен додека е на работа.

Зоран Заев ја сече гранката на која седеше со години. Го загуби авторитетот и политичката мудрост која ја имаше од Црвенковски и “неговите луѓе“ во СДСМ кои беа политички столб меѓу залутаните ликови на Заев како Кирацоски, Костадин Костадиновски, Ременска, Сугаревски, Николовски, Анѓушев, Филипче или Рашковски, кои ни одблизу не се квалитет на СДСМ познат од времето на Црвенковски. Напротив, покажаа само корупција и политичко незнаење кое за СДСМ е навредливо и остава долготрајни последици. Тоа Заев ќе го осети и на изборите со апстиненција од Шарените и приврзаниците на Црвенковски кои немаат ниту една причина сега да гласаат за Зоран Заев.

Заев ја изгази и отфрли како стар партал Шарената револуција и се што тие значеа во јавноста и политиката, ставајќи печат дека  работело за куп партиски водени и манипилирани луѓе за една употреба. Заев ги употреби, и ги фрли на ѓубриште. Шарената револуција, после Заев, ќе остане таква каква што Заев ја оценил и квалификувал, а чувствата на луѓето кои со месеци протестираа по улици во заблуда дека нешто сериозно менуваат остануваат нивни проблем и понижување.

На крај, Заев му се одмазди и на ДУИ, на Али Ахмети кој го донесе Заев на власт. Најави дека не им е местото во коалција со СДСМ, ги нарече корумпирани, и заборави на обврски кон нив.

Кој и да му помогнал на Заев да дојде на власт: Црвенковски, Шарените, ДУИ, СЈО, судии... на крај се соочува со омарза и закани од Зоран Заев. Социолошки и политички тоа е патолошко, социопатско однесување на еден политичар, а уште повеќе на еден човек кој покажува лична злоба, одзамодуљибовст, егоизам и политичка неписменост која за Македонија е опасна додека тој има моќ. Кој е спремен да го стави својот живот и иднина во рацете на опседнат социопат кој манипулира со секого и кому сите му се непријатели?

Ако Заев вели дека “ќе им ја ебе мајката“ на сите околу него, ако се тие за него никој и ништо, небитни, отпишани, манипулирани, шути или рогати кои он ги плаќа и издржува од свои лични пари... ако сето ова важи за неговите први соработници, какви ли се во неговите очи граѓаните, и што може да очекуваат од Зоран Заев во иднина?

 

Најчитани вести