Жика Јакшиќ, продуцент и еден од главни уредници во “Ѕвездите на Гранд“, како што истакнал се нашол во непријатна ситуација кога неговиот пријател и колега Саша Поповиќ во жива емисија самоиницијативно изјавил дека Жика заболел од корона вирус.

Јакшиќ наведува дека со тоа Саша го довел во непријатна ситуација бидејќи морал да одговара на голем број луѓе загрижени за неговата здравствена ситуација. Две недели после самоизолација Жика Јакшиќ се вратил на своите работни обврски и снимање на емисијата “Никогаш не е доцна“, со што открил дека сакал да и се обрати на јавноста, а не Саша Поповиќ.

- Ги чекав резултатите од второто тестирање за да се обратам на јавноста, но Сале тоа го кажал во емисија. Тоа не е страшно, но два дена ми направи пекол од животот. Имав милион повици и морав да се правдам дека ми е добро, дека ништо не ми фали и други работи – изјавил Жика за “Свет“.

Најчитани вести