Москва и московскиот регион беа погодени од пороен дожд, што го отежна сообраќајот, како во центарот на градот, така и во околните градови, јавува ТВ Звезда.

Корисниците на социјалните мрежи објавуваат видеа од Москва на кои се прикажани поплавени патишта, автомобили кои пливаат во вода и граѓани кои се обидуваат да се пробијат до своите домови газејќи низ вода до колена.

Жителите на Москва предупредуваат дека неколку улици во градот се претвориле во реки, што го отежнува сообраќајот, додека двете метро станици сега се „водопади“.

извор: Makfax

Најчитани вести