Најмалку 285 деца развиле тешко заболување во врска со корона вирус. Иако воглавно се опоравиле, стручњаците предупредуваат на можни трајни оштетувања. Ова се резултати на две американски студии објавени неодамна во списанието "New England Journal of Medicine".

Станува збор за педијатриски мултисистематски инфламаторен синдром (PIMS) од кого заболуваат деца и кој е првпат регистриран во Европа. Синдромот се смета невообичаен а смртните случаи се ретки.

Меѓутоа, од 285 деца кои се опфатени во американското истражување починале шест, а како што се наведува во студијата, погодени се 1.000 деца ширум свет.

Спрема податоци на Центар за контрола и превенција на болести (CDC) симптом е температура која надминува 38 степени Целзјусови за време од 24 часа, а текот на болеста е тежок и бара болничко лекување: анализа на крвта укажува на запаление, освен тоа се наговестуваат здравствени проблеми, кои зафаќаат најмали два органа (срце, бубрези, бели дробови, кожа или нервниот систем).

Често се јавуваат мачнини и дијареа, а понекогаш децата можат да имат симптоми кои потсетуваат на Кавасаки синдром (запаление на крвни садови), ретко автономно заболување кај деца, кое може да предизвика проблеми во целиот организам.

Втората студија се однесува на 99 деца во сојузната држава Њујорк, каде се забележани први случаи во САД. Повеќето од децата во тој момент биле заразени со коронавирус или неодамна заразени, но пред тоа биле здрави. 80 отсто од децата во студијата во повеќе американски држави имале проблем со срце, како што е ауризмот ( проширување) коронарни артерии, може да има смртен исход.

- Нив мора да ги следимеи понатаму – вели Рондолф. Повеќето од децата немале здравствени проблми, но 30 отсто биле дебели. Просечна старост била осум години.

Најчитани вести