Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е во предградието на градот Хендек, во провинцијата Сакарија.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча, кој отиде на местото на несреќата, рече дека од 97 лица кои се хоспитализирани, само едно е во критична состојба.

Властите ги блокираа патиштата до фабриката поради мали експлозии што го отежнуваа давањето помош и гаснењето на пожарот по првата експлозија, чија причина сè уште не е позната.

извор: Makfax

Најчитани вести