Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата 360 Степени, на ТВ Алсат М, вели дека Македонците се чувствуваат обесправени во општините каде не се мнозинство, истакнувајќи дека не смеат да се дозволат вакви поделби.

- Македоните во оваа држава се сепак мнозинската заедница и се чувствуваат во тој дел тотално маргинализирани и обесправени. Ако ние продолжиме така да функционираме во средините каде што генерално немнозинските етнички заедници се мнозинство и практично се обидуваат да ја обесправат мнозинската заедница во државата тоа се Македонците, тогаш кај Македонците се создава чувство на граѓани од втор ред и тоа не е во ред, рече Мицкоски.

Најчитани вести