И среќен пат до родното Муртино.

Нема да фалиш, ама ич… добро може ќе фалат твоите епски бисери, југословенскиот есперанто и муртинскиот англиски. Реално ќе останеш запаметен по нив, но многу повеќе по тоа дека дојде на власт по изборен пораз, по штетните договори со Грција и Бугарија, по непочитување на волјата на граѓаните за промена на името на државата, по ајрото што не го подобри, по зголемената стапка на криминал и корупција, по низа рекетарски афери, по „расцветаното судство“, по згрешените знамиња, по отворање на банкротирани инвестиции, по неисполнети ветувања и пу пу не важи и извинете политики.

Ќе те памтиме и по тоа што си единстевниот аболициран премиер, човекот кој бараше евро за црквата и евро за Вицето позади на Мирчо бишкарникот, по тоа што цел месец си зборуваше со лажниот Порошенко, по тоа што на најперфиден начин ги злоупотреби смртта на Младенов, Тамара, Мартин и децата од Смилковско езеро само за да дојдеш на власт, по тоа што направи невиден анимозитет и поделби во македонското општество за да можеш да седнеш на „Илинденска“ бр. 2 и да работиш за лични интереси, по тоа што брат ти Вице е главен произведител на канабис во државата.

Ни тоа како ја бранеше Катица до последно, а ни сликите на твоите најблиски соработници со Боки Тредичи, како ни дружбите што си ги терале кај него дома додека монструзно планирале кој е следен за рекетирање за да не оди во затвор. И  лажниот датум што го добивме ама не го добивме нема да го заборавиме.

Премногу работи за нецел мандат, не може да се добројат сите скандали во кои се вмешани твоите најблиски соработници, меѓу кои и на твојот предлог за технички премиер Оливер на кој не му избегаа само оние на кои не им се бега, во чие министерување пајаци ги тепаа полицајците, кој што беше поврзан со сомнителни набавки на возила од „ДеЛукс Ауто“ кој е ваш партиски донатор. Сосема соодветен наследник за водење на техничката влада во предизборниот период.

Не само што нема да фалиш, туку ќе останеш пример како не треба да се владее, освен ако не сакаш да останеш запишан на темната страна на историјата.

Чао Заев!

Мартина Басарова Геровска

Најчитани вести