Познато е дека симптомите на корона вирус вклучуваат покачена телесна температура, губење на сетилата за мирис и вкус, како и кашлица, но во ризик сте и ако ги развиете следните знаци во стомакот:

- дијареја;

- мачнина;

- повраќање;

- губење на апетитот.

Специјалистот за заразни болести од Британија, д-р Вилијам Маршал предупредува на овие четири нови симптоми на ковид и порачува веднаш да појдете на лекар ако ги почувствувате.

„Може да предизвика гастроинтестинални симптоми вклучително и губиток на апетитот, мачнина, повраќање и дијареја. Овие симптоми можат да траат само еден ден и обично се случуваат пред треската и респираторните симптоми“, тврдат британските лекари. Уште велат и дека симптомите на ковид-19 може да се појават од 2 до 14 дена по заразата и може да се од блага до тешка клиничка слика.

Најчитани вести