Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека резултатите од мострите храна земени во рамки на инспекцискиот надзор спроведен уште во понеделникот врз основа на поднесени претставки од страна на потрошувачи кои се овој случај чија истрага е во тек.

Агенцијата соопшти дека доцна попладнево добила официјално известување од Центарот за јавно здравје – Скопје дека по добиени пријави и извршени епидемиолошки анкети, утврден е извор на зараза – сендвичарница „Гранд Бургер“. Инспекциските служби на АХВ и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат по добиеното известување се упатија кај операторот со храна за да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на фактичката состојба кај овој оператор со храна и за одредување на мерки за сузбивање на појавата.

На лице место констатирано е дека објектот не работи, односно, по изјава на соседите, тој бил затворен од страна на самиот оператор уште во текот на вчерашниот ден.

извор: Makfax

Најчитани вести