Партнерство со младите и Закон за забрана на политичкото влијание во спортот се првите проекти со кои ќе се бориме за Македонија да биде единствениот избор на младите за градење иднина во земјава, велат од политичката партија Македонски концепт.

„Потребно е да работиме на тоа претприемништвото кај младите биде врвна вредност, затоа што младите со тоа и возвраќаат на државата преку создавање на нова генерација. Младите не бараaт ништо повеќе и ништо посебно, туку само фер шанса и можност да бидат свои”, појасни Љупчо Божиновски, кандидат за пратеник на Македонски концепт во третата изборна единица.

Тој додаде дека со овој проект државата ќе инвестира во бизнис идеи на млади до 35 години, а инвестицијата ќе си ја враќа преку заработка во бизнисот, без никакви камати.

Вториот проект кој го предвидува Македонски концепт насочен кон задржување на младите е „Политиката во втор план”.

„Проектот ‘Политиката во втор план’ започнува со Закон за забрана на политичкото влијание во спортот. Македонски концепт ќе се залага да се донесе овој Закон затоа што треба да градиме култ на спортови, а не култ на политичари. Спортот треба да биде на пиедесталот на општеството. Спортистите треба да бидат славните јунаци на македонската нација, а не политичарите. Со овој закон ниту политичарите ќе може да се замешаат во спорот, ниту пак спортистите ќе може да бидат политички активни, се до оној момент додека се професионални спортисти”, истакна Божиновски и додаде дека доколку во државата не живеат млади, доколку не егзистираат среќни и просперитетни семејства, доколку наталитетот не го победи морталитетот, тогаш сè е залудно.

извор: Makfax

Најчитани вести