Носењето заштитни маски како заради превенција од ширењето на коронавирусот е задолжително во јавниот превоз  и во затворен простор.

Температурите растат, а носењето заштитни маски останува наша одговорност, но и стана наша обврска на одредени затворени места, како што е јавниот превоз. Поради високите температури, носењето на оваа заштитна опрема може да стане непријатност, а еве што сугерираат експертите.

Д-р Тереза ​​Мареј Амато, патувајќи со јавен превоз за работа во Менхетен, заклучи дека маските и топлината не се добра комбинација.

- Беше многу топол ден, беше премногу топло за мене“, вели таа но и покрај непријатното чувство, не ја тргнала маската и ги советува сите така да постапуваат.

- Иако ние знаеме дека ќе биде малку непријатно, јас навистина мислам дека придобивките ги надминуваат непријатностите поради топлината, изјави Амато.

Проблемот може да се појави и поради пот што повеќе се лачи и што ја намалува ефикасноста на маската. Совет на д-р Амато е секогаш да носите резервна маска за да ја замените влажната.

- Во совршен свет, секогаш ќе имавме неколку чисти маски во џебот, но знам дека тоа е честопати невозможно“, рече таа и препорача доколку има проблеми со дишењето кога носиме маски, одиме во сенка, се дистанцираме од луѓето. Ние мора да се грижиме за хидратацијата, затоа треба да пиеме течности редовно.

Ставот на д-р Амато го поддржа и д-р Валид Кваеид, раководител на Одделот за инфекции и превенција во Њујорк, кој рече дека КОВИД-19 сè уште се шири незапирливо, па затоа е исклучително важно да се носат маски дури и за време на жешките летни денови.

Сепак, експертите се залагаат за употреба на домашни повеќеслојни памучни маски со цел да се зачуваат залихите на медицински помагала за медицинските работници.

Најчитани вести