Фото: Христијан Мицкоски

Нема преговарање за Гоце Делчев. Гоце Делчев е Македонија. Не смее никој да преговара ниту за Гоце, ниту за Даме, ниту за Никола, ниту за Питу, ниту за Тодор. Тие се Македонија. Врз основа на тие луѓе државата ја градевме!, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на синоќешната промоција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Струмица, веднаш до споменикот на Гоце Делчев, каде настана и оваа моќна фотографија, на даскалите Гоце Делчев и Христијан Мицкоски. 

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Христијан Мицкоски (29 септември 1977 во Скопје) — македонски политичар, универзитетски професор и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Избран е за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на шеснаесетиот конгрес на партијата во Валандово

Најчитани вести