Само еден ден откако тренерот на казахстанскиот фудбалски клуб Каисар призна дека десет сениори и 15 јуниори се позитивни за коронавирус, клубот објави дека сите се опоравиле!

Клубот тврди дека играчите сега се негативни на вирусот КОВИД-19

„Целиот тим на Каисар успешно го помина тестот, играчите се во добра форма и се подготвени да го продолжат шампионатот“, се вели во изјавата на тимот.

Шампионатот на Казахстан продолжува во вторник, иако некои клубови побараа одложување. Постојат 10 заразени играчи во Каспија, седум во Тобол ...

Казахстан е тешко погоден од коронавирусот, има повеќе од 22.000 заразени лица во оваа земја.

Најчитани вести