СЗО испраќа тим во Кина следната недела за подобро да разбере како почна епидемијата на коронавирус, изјави генералниот директор, Тедрос Адан Гебрејесус.

„Знаењето на изворот на вирусот е многу, многу важно“, рече Тедрос, пренесува Си-ен-ен.

Тој додаде дека очекува посетата да доведе до разбирање како почна епидемијата и што може да се стори за да се подготви светот за она што го чека во иднина.

извор: Makfax

Најчитани вести