Skip to main content
x

30 Jun 2020 - 12:25
sportmedia
Статија

Некогаш дербијата помеѓу ЦСКА и Спартак го решавале прашањето за првак или барем кој ќе оди во ЛШ, но оваа сезона е поинаку. Ниту еден од овие два московски клуба не е ни кандидат за првите две места.

Затоа претстојното вечно дерби нема тежина како претходните, но и тука и понатаму е работа на престиж, шанса за двата клуба со победа да ги задоволат навивачите разочарани поради слабите резултати во текот на сезоната.

ЦСКА е домаќин, но тешко може да се нарече фаворит бидејќи игра очајно. Тренерот Гончаренко ни самиот не знае како и понатаму е на таа позиција, бидејќи до сега требаше да биде сменет, а еднаш и самиот нудеше оставка но не му ја прифатија. „Армејците“ седум кола по ред немаат победа, но и понатаму се држат на местата кои водат во Европа.

РУСИЈА 1 – 25.коло

ЦСКА – СПАРТАК
Вторник 19.30
Шифра: 4311

ПРЕДЛОЗИ
ДШ X2  1,37
КМБ X2&0-3       1,65
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ЌЕ ГИ НАЈДЕТЕ НА ОВОЈ ЛИНК

Впечаток е дека на црвено-сините би им одговарало и бод од ова дерби, би им значело многу во одбрана на петтото место. Повеќе од тоа веројатно не ни можат.

Спартак е во подобра форма. Во петте последни кола има три победи и по реми и пораз, меѓутоа киксираше претходниот викенд на домашен терен против Уфа (0:0) и пропушти шанса со тие бодови да и пријде на ЦСКА на само три бода. Интересна околност е што црвено-белите во последно време играат многу подобро во гости, каде забележаа три победи по ред, за разлика од двата неуспеси на свој терен.

Традицијата од меѓусебните средби е на страната на ЦСКА, затоа што Спартак тешко победува во гости. Некако излегува дека во оваа деценија спартанците победуваат секоја трета година. Последен пат во 2017 година, а пред тоа во 2014, па 2011…

Но, ако е така, тогаш ред е да победи во 2020. Кога ќе се погледне формата, тоа делува сосема реално сценарио.

sportmedia.mk

Најчитани вести